УСЛУГИ


Поврат на ДДВ од Европа за компании од Македонија

Дали имате потреба од ПОВРАТ НА ДДВ од странство?
Дали сте транспортна компанија која врши меѓународен превоз и користите патарини и плаќате гориво?

ЕУРОВАТ ПРО ДООЕЛ успешно врши поврат на ДДВ на сите компании од Македонија кои имаат право да вратат данок од соодветните земји во Европа кадешто користат услуги.

Компаниите кои вршат меѓународен транспорт на стока и патници имаат право на ПОВРАТ НА ДДВ од сите оние земји со кои Македонија има договор за соработка:

Србија Бугарија Словенија Холандија Луксембург Англија Австрија Франција Данска Шведска Италија Полска Белгија Германија

Ги подготвуваме сите потребни документи за поврат на ДДВ

Ја исправаме нецелосната документација (неисправни фактури)

Аплицираме за поврат на ДДВ во соодветен рок

Имаме директна комуникација со даночните канцеларии во секоја земја

 

Поврат на ДДВ од Македонија за компании од Европа

ЕУРОВАТ ПРО ДООЕЛ успешно врши поврат на ДДВ на сите компании од Европа кои имаат потреба и право да вратат данок од Македонија.

Ја собираме и подготвуваме потребната документација за доставување до управата во Македонија

Комуницираме директно со надлежните органи за успешен поврат на средствата

На располагање сме за даночна помош и советување во врска со работата.

ДАНОЧНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Ви треба ли застапник пред надлежните органи?

Тимот на ЕУРОВАТ ПРО ДООЕЛ ги застапува компаниите во Македонија и Европа за добивање на даночно бројче за вршење на соодветна дејност.
Странска компанија која врши трансакции кои подлежат на ДДВ во земја каде што не е основана може да назначи застапник или даночен претставник за да ги изврши сите формалности за декларирање во нејзино име.

ПОВРАТ НА ПАТНА ТАКСА

Дали имате транспортна компанија и Вашите камиони поминуваат долго време надвор од Македонија и потребно ви е враќање на средства од надоместокот за патишта?

Компаниите кои вршат меѓународен сообраќај имаат право да бараат враќање на уплатениот износ сразмерно на времето што моторното и приклучното возило го поминале надвор од Република Македонија.
ЕУРОВАТ ПРО ДООЕЛ помага при подготовка на документите, врши точна евиденција на времето поминато надвор од Македонија и аплицира за навремено и успешно враќање на средствата.

ДАНОЧНО СОВЕТУВАЊЕ

Дали имате потреба од даночно советување за Вашиот бизнис?

Тимот на ЕУРОВАТ ПРО е на располагање за секакво даночно советување во врска со Вашата работа.