logo-belologo-belologo-belologo-belo
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Поврат на ДДВ од Европа за компании од Македонија
    • Поврат на ДДВ од Македонија за компании од Европа
    • ДАНОЧНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ПОВРАТ НА ПАТНА ТАКСА
    • ДАНОЧНО СОВЕТУВАЊЕ
  • Соработка
  • Информации
  • Контакт
БАРАЊЕ ЗА СОРАБОТКА
✕
            No results See all results

            Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

            Published by zvermar on 10/09/2025
            Categories
            • Uncategorized @mk
            Tags

            И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, соопшти денеска Министерството за финансии.

            Минатата година извршен е поврат на скоро 34 отсто од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 отсто, во 2018 од 31 отсто, во 2017 од 28 отсто, во 2016 од 26 отсто и во 2015 година од 28 отсто.

            – Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години. Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра, стои во соопштението.

            Од Министерството за финансии информираат дека редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен.

            Претплатете се на нашиот newsletter

            Е-маил

            Share
            0
            © 2022 EUROVAT-PRO | All Rights Reserved | Powered by ZVR
            БАРАЊЕ ЗА СОРАБОТКА
                      No results See all results